RK Vardar 1961
СООПШТЕНИЕ ОД МИХАЈЛО МИХАЈЛОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РК ВАРДАР 1961
Почитувани навивачи на Вардар, поддржувачи, спонзори и сите оние на кои „црвено-црната“ боја им значи нешто.
Вардар отсекогаш имал цел високи цели, се борел за титули, за висок пласман, и така ќе биде и во иднина. Горди сме што и покриј сите пречки кои стојат на патот на успехот, во изминатите години, па и сега, успеавме да го стабилизираме клубот, и да направиме чекори со кои повторно се враќаме на местото каде заслужуваме да бидеме.
Благодарни сме им на сите кои го поддржуваат клубот, на сите спонзори кои веруваат во Вардар. На добар пат сме клубот целосно финансиски да се консолидира, во многу брзо време, и сакам да упатам благодарност и до Министерот за спорт, Борко Ристовски кој првпат обезбеди средства за клубовите кои играат во Европа.
На тој пат до големи успеси секогаш ќе има ситуации кои треба да се решаваат, и понекогаш да бидат и „болни“. Пријателствата остануваат пријателства, но во професионализмот најголемо мерило се резултатите. Затоа сметаме дека во овој момент треба нешто да се смени и кај нас. Потребна е промена која ќе донесе нов сила, нов мотив за докажување, и на крајот и резултати.
ПОВЕЌЕ НА - https://rkvardar.com.mk/soopshtenie-za-javnost-2/
